САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници

Вакцинирање/ Фото EPA-EFE/WALLACE WOON

Здравствените власти во САД се подготвуваат да ги вакцинираат луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, во време кога државата која во моментов има пет веројатни или потврдени случаи на инфекција очекува тој број да се зголеми.

– Сакаме да ја максимизираме дистрибуцијата на вакцини на оние за кои знаеме дека ќе имаат корист. Станува збор за луѓе кои биле во личен близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, а особено луѓе кои се изложени на ризик да развијат потешка форма на болеста, изјави Џенифер Меквистон од Центарот за превенција и контрола на болести.

Еден случај е потврден во државата Масачусетс, а четири се анализираат, но се сметаат за многу веројатни, еден во Њујорк и Флорида и два во Јута. Сите случаи се кај мажи кои патувале надвор од САД.

ВИДЕО | Д-р Пановски: Мајмунските сипаници не заслужуваат внимание, никој во Европа сè уште не умрел од оваа болест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот