САД: Русија ги блокира напорите Сирија да одговара поради употреба на хемиско оружје

epaselect epa09045274 Linda Thomas-Greenfield, the United States? new ambassador to the United Nations, holds her first press conference as the United States is set to take the presidency of the UN Security Council for the month, at United Nations headquarters in New York, New York, USA, 01 March 2021. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Русија ги блокира сите напори да се побара одговорност од Сирија поради употреба на хемиско оружје, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд за време на видео конференцијата на Советот за безбедност на светската организација.

– Сите знаеме дека режимот на Башар ал Асад многу пати користел хемиско оружје. Зошто тогаш за тоа не се бара одговорност од сириската Влада?, истакна Томас-Гринфилд.

Таа нагласи дека режимот на Асад, обидувајќи се да избегне одговорност, ги блокира истрагите и ја поткопува улогата и работата на Организацијата за забрана на хемиско оружје.

– И сојузниците на тој режим, конкретно Русија, исто така, настојуваат да ги блокираат сите напори да се бара одговорност од власта на Башар ал Асад, додаде амбасадорката на САД.

Според неа, „Русија го бранела режимот на Асад, и покрај неговите напади со хемиско оружје, ја напаѓала професионалната работа на Организацијата за забрана на хемиско оружје и ги поткопувала настојувањата да се бара одговорност од Сирија за употреба на хемиско оружје и голем број други злосторства”.

ОН, кои претходно ја обвинуваа Сирија за хемиски напади, очекуваат одговор од Дамаск на 19 прашања поставени пред повеќе години во врска со постројките кои би можеле да се користат за производство и складирање на хемиско оружје.

Сирија тврди дека работи согласно меѓународното право и ги отфрла тврдењата на Западот, на чело со САД, дека користела хемиско оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот