САД: Републиканците поднесуваат тужби за изборни нерегуларности

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Изборниот штаб на актуелниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе покренат судска постапка за прекинување на процесот за проверка на изборните резултати во сојузната држава Мичиген.

Републиканскиот правен советник Мет Морган изјави дека било побарано од судот да ја прекине верификацијата на изборните резултати во Мичиген, сè додека не се утврди со сигурност дека гласањето е спроведено во согласност со законот.

Во исто време, демократите соопштија дека еден наводен сведок на „местење” на изборните резултати во државата Пенсилванија ги повлекол обвинувањата.

Трамп во неколку наврати тврдеше дека изборите биле проследени со бројни незаконитости, а правните експерти проценуваат дека неговите тврдења имаат мал потенцијал за промена на резултатот од изборите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот