САД: Рекордно високи ноќни температури во месец јули

Топлотен бран
Топлотен бран / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во континенталниот дел на САД во јули беше поставен рекорд за ноќни горештини.

Просечната најниска температура во јули беше 17,6 степени Целзиусови, со што го надмина рекордот од 2011 година за неколку делови од степенот.

Тоа не е само најтоплиот ноќен просек за јули, туку и за кој било месец во 128-те години од почетокот на водењето евиденција, рече Карин Глисон, климатолог од американската Администрација за океани и атмосфера. Најниската јулска ноќна температура била повеќе од 1,7 степени Целзиусови над просекот за дваесеттиот век.

Научниците одамна сфатија дека ноќните температури се од клучно значење за здравјето.

„Кога дневните температури се на рекордно високо ниво или блиску до рекордно ниво и нема можност за закрепнување во текот на ноќта со намалување на температурите, растенијата, животните и луѓето се под голем стрес“, рече Глисон.

Во Тексас, каде просечната месечна дневна температура за првпат во јули надмина 37,8 степени Целзиусови, а електроенергетскиот систем беше под силен притисок, просечните ноќни температури беа 23,5 степени Целзиусови, 2,2 степени над просекот од дваесеттиот век.

„Навечер се загрева побрзо бидејќи дневното затоплување задржува повеќе влага во воздухот, а ја задржува топлината ноќе“, објасни Глисон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот