САД рекордер во светот: Речиси половина милион лица починаа од ковид-19
Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД достигна речиси половина милион, што е повеќе отколку на кое било друго место во светот, покажуваат податоците на истражувачкиот центар на Универзитетот Џон Хопкинс.
Како што е најавено, претседателот Џо Бајден денеска ќе зборува на оваа тема во Белата куќа, а за починатите ќе се одржи едноминутно молчење.
– Луѓето ќе зборуваат за ова во следните децении како за ужасен момент во историјата на оваа земја, кога толку многу луѓе починаа од респираторна инфекција, изјави д-р Ентони Фаучи за Си-Ен-Ен.
Њујорк Тајмс на вчерашната насловна страница објави речиси 500.000 точки, кои ги претставуваат починарите од коронавирус, пренесува Гласот на Америка.
САД се, исто така, глобален лидер по бројот на заразени, со речиси 28 милиони позитивни случаи од почетокот на пандемијата.