САД развиваат евтин тип на вакцина за сиромашните: Ќе чини долар по доза, ќе биде лесна за транспорт, но нема да спречи ковид-19, туку ќе ублажува симптоми

epa-efe
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Научниците од Универзитетот Вирџинија тек и Универзитет на Вирџинија развиваат нов евтин тип на вакцина против ковид-19 што може да го заштити организамот од постоечки и идни мутации на вирусот. Вакцината ќе чини еден долар за доза и ќе може лесно да се транспортира, објави денеска весникот „Ричмонд тајмс диспач”.

Ваков тип на вакцина би бил одговор на недостатокот на вакцини за помалите и посиромашни земји кои порачале само третина од потребните дози за вкупниот број на жители и сè уште чекаат испорака, а богатите земји како САД купиле двојно повеќе дози од вкупниот број на населението.

Вакцината на двата престижни универзитета од Вирџинија е сè уште во фаза на испитување и досега била тестирана само на животни, поточно на свињи.

Во извештојот објавен денеска, а кој сè уште не е валоризиран од колегите, и треба наскоро да биде објавен, се укажува дека свињите „се најблиските модели на животни до луѓето” со исклучок на мајмуните.

Според досегашните резултати, вакцината не е способна да го спречи коронавирус, но ги штити свињите од влошување на симптомите и врши зајакнување на нивниот имунолошки систем од сите идни инфекции.

Експертите кои учествуваат во развојот на ваков тип вакцина, што не спречува коронавирус, но ги ублажува симптомите и го зајакнува имунолошкиот систем, велат дека може да биде многу поевтина варијанта од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, за кои САД платија 19,5 долари односно 15 долари.

Според доктор Стивен Зикнер, евтина варијанта на вакцина од само еден долар за доза може да ги надмине пречките во вакцинација со кои се соочуваат многу земји, а со тоа би се победила пандемијата и на светско ниво.

Засега, не постои глобална дистрибуција на постоечките вакцини. Светот е во ситуација кога побогатите земји купуваат најголем дел од дозите и со тоа создаваат нееднаков пристап до вакцината за посиромашните земји.

Фондацијата „Кајзер” дознава дека заклучно со 15 март 2021 година, земјите со висок економски стандард како САД, набавиле двојно повеќе дози од постоечкиот број на нивното население, додека земјите со низок и среден стандард набавиле само третина дози од бројот на нивното население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот