САД размислува да воведе царини за стоки од ЕУ за 11 милијарди долари

САД размислуваат да наметнат давачки за европски стоки вредни 11 милијарди долари, како одговор на субвенциите со кои ја поддржуваат авиокомпанијата „Airbus“.

Светската трговска организација (СТО) покажа дека субвенциите имаат негативен ефект врз САД.

Авионите и сирењето се меѓу производите кои можат да бидат засегнати од новите царински давачки, според американската трговска служба (USTR).

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп води трговски битки на многу фронтови.

Овој потег означува ескалација на тензиите поврзани со трговијата помеѓу САД и ЕУ, пишува „BBC“.

Вредноста на стоките кои ќе бидат оданочувани со царината, е предмет на арбитража во СТО, а резултатот од кој се очекува за неколку месеци.

Прелиминарна листа на стоки беше подготвена за јавна расправа. Тоа вклучува широк спектар на предмети – од хеликоптери до вино.

„Оваа тужба се води веќе 14 години и дојде време да се преземе акција. Администрацијата се подготвува да реагира веднаш, откако СТО ја објави одлуката за вредноста на контрамерките на САД“, вели трговскиот претставник на САД, Роберт Лајтизер.

„Нашата крајна цел е да постигнеме договор со ЕУ и да ставиме крај на некомпатибилните субвенции според СТО за производство на големи патнички авиони. Кога ЕУ ќе стави крај на овие штетни субвенции, дополнителните давачки наметнати како одговор од САД, може да бидат откажани“, додава тој.

Предложените давачки ќе бидат наметнати покрај постојните царински давачки за европските производи.

Минатата година, САД почнаа да воведуваа царини за увоз на челик и алуминиум од своите клучни сојузници, вклучувајќи ја и ЕУ.

ЕУ воведе одмазднички царини врз американски стоки за 2,8 милијарди ењвра во јуни на стоки, како бурбон, мотоцикли и сок од портокал.

Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп се закани минатиот месец да наметне царина за увозот на автомобили од ЕУ, ако двете страни не успеат да стигнат до трговски договор.

САД во моментов преговараат за трговски договор со Кина, но обврските што ги наметнаа двете земји веќе ја погодија светската економија во оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот