САД: Разговорите со Кина беа тешки и директни

Ентони Блинкен / Фото: EPA/LYNN BO BO

САД соопштија дека имале тешки и директни дискусии со Кина во првите разговори на администрацијата на Џо Бајден, но додаваат дека интересите на двете земји се пресекуваат околу Иран, Северна Кореја, Авганистан и климата.

„Очекувавме тешки и директни разговори за широк спектар на прашања и токму тоа се случи”, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, откако тој и државниот секретар Ентони Блинкен завршија дводневни разговори со кинески колеги на Алјаска.

– Бевме во можност да имаме прилично искрен разговор во сите овие часови на обемната агенда, изјави Блинкен.

Од своја страна, врвниот кинески дипломат Јанг Џијејчи изјави дека разговорите биле искрени, конструктивни и плодни. Сепак, тој додаде дека се уште има „одрењдени разлики”, објави кинеската телевизија Си-Џи-ти-Ен.

Јанг додаде дека „двете страни мораат да водат политика „без конфликти” за да ги водат во здрав и стабилен правец на патот што води напред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот