САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД

 Американскиот Стејт департмент распиша награда од три милиони долари за информација која ќе доведе до апсење на Мухамад Хадор Муса Рамадан, или познат како Абу Бакр ал-Гариброден во Јордан.

Тој е еден од лидерите на терористичката организација „Исламска држава” и нејзин главен пропагандист, се вели во потерницата.

Како што се истакнува, Мухамад Рамадан раководи со медиумските операции на ИД и игра „клучна улога во пропагандните активности на ИД за радикализација, врбување и подбуцнување на одредени лица низ целиот свет”.

-Тој раководи со планирање, координација и производство на многубројни пропагандни видеo сoдржини, објави и онлајн платформи каде со брутални и сурови сцени на измачување и масовни егезекуција на невини цивили”, се вели во соопштението на Стејт департментот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот