САД: Прва хетеросексуална парада во август!

Американците во август ќе ја добијат првата Стрејт парада, парада на хетеросексуалци откако група активисти од Бостон успешно се избори за одржување на тој настан.

Организаторот на настанот Марк Сахади на Фејсбук најави дека по поднесувањето жалби поради дискриминација, градот Бостон „сфатил дека ќе загуби парници” и дал дозвола за одржување на парадата.

Парадата е планирана за 31 август оваа година. На тој настан ќе се слави хетеросексуалноста, љубовта кон спротивниот пол.

Организаторите на Стрејт парадата дизајнираа свое знаме и го означија Бред Пит за своја маскота. Масачусетс, каде е Бостон, е прва држава што легализираше бракови од ист пол во 2004 година и таму е склучен првиот истополов брак во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот