САД признаа: Во нападот на Кабул не загинал ниеден член на ИСИС

Бомба во Кабул/ Фото EPA-EFE/STRINGER

САД признаа дека ниту еден борец на Исламска држава, огранок во Авганистан, не бил убиен во нападот со беспилотното летало во Кабул на 29-ти август, иако загинале 10 цивили, меѓу кои седум деца. 

Како што објави Централната команда, никој од одговорните за оваа операција нема да биде казнет, ​​ниту ќе бидат преземени дисциплински мерки.  

Како што беше официјално објавено претходно, девет членови на едно семејство загинале во нападот на американското беспилотно летало врз возилото во населбата во Кабул, изјавија роднините на убиените.  

Пријавено е дека во возилото имало експлозив и бомбаши самоубијци, кои требало да бидат цел на аеродромот во Кабул, пренесува Гардијан.  

Меѓу загинатите има шест деца, од кои најмалото е двегодишно девојче, изјави братот на еден од убиените за локален новинар кој работи за Си-Ен-Ен.  

Тој рече дека се убиени неговиот брат Замарај (40), Насер (30), Замер (20), Фејсал (10), Фарзад (9), Армин (4), Бенјамин (3), Ајат (2) и Сумаја. (2)  

Братот се расплакал додека му ја раскажувал случката на новинарот. „Ние бевме само едно обично семејство. Ние не сме дел на Исламската Држава, а ова ни е семејната куќа – каде живееја моите браќа со своите семејства“ рече тој.  

Си -Ен -Ен доби фотографии по нападот. Американски официјален претставник ја потврди локацијата во населбата Каје Бугра во Кабул. Американската централна команда претходно соопшти дека ги проценува можностите за цивилни жртви.  

Претходно, авганистански службеник изјави дека во вчерашниот напад загинале три деца. Портпаролот на Централната команда, која ја покрива авганистанската зона, рече дека американската армија го извршила нападот со цел да се одбрани од непосредна закана.  

Возилото носело „значителна количина експлозивен материјал, што го предизвика американскиот напад“. Нападот се случи неколку дена откако двајца бомбаши самоубијци се разнесоа на една од влезните порти на аеродромот во Кабул, што предизвика одмазднички напад во саботата рано наутро, кога беспилотни летала ги собраа високите претставници на Исламската држава во Авганистан. 

Откриено зошто американската армија изврши напад во Кабул: Бомбаш самоубиец итал кон аеродромот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот