САД признаа дека Турција во Сирија извршила ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА

Фото: Принтскрин

Американската војска видела докази дека за време на турската офанзива во Сирија биле извршени воени злосторства. Во исто време, сириската опсерваторија за човечки права објавила снимки на кои се гледа како борците од про-турските групи го газат мртвото тело на жена борец од редовите на Курдите.

Џејмс Џефри, специјалниот пратеник од претседателот Доналд Трамп за Сирија, ги пријавил доказите за воени злосторства и побарал објаснување од Анкара.

– Не видовме раширени докази за етичко чистење. Многу луѓе побегнаа бидејќи се многу загрижени заради сириските опозициски сили кои се на страната на Турција. И ние сме. Видовме неколку инциденти кои ги сметаме за воени злосторства – рекол Џефри за време на сослушувањето во Претставничкиот дом на САД.

Тој додал дека американските службеници ги разгледале извештаите и дека на „големо ниво“ барале објаснување од турската влада. Џефри нагласил и дека е во тек истрага за наводите дека Турција за време на офанзивата користела забранета муниција, полнета со бел фосфор.

Џефри исто така ја потврдил изјавата на министерот за одбрана Марк Еспер дека избегале повеќе од 100 борци на Исламска држава.

– Не знаеме каде се – рекол Џефри на сослушувањето.

Морничава снимка

 

Овие зборови на Џефри доаѓаат во исто време кога е објавена снимка на која се гледа како про-турски борци сквернават тело на жена борец од редовите на курдската Единица за заштита на жените, нарекувајќи ја ку*ва и викајќи дека стојат на „леш на свиња“.

Фото: Принтскрин

– Ова е една од вашите ку*ви кои ни ги пративте. Ова е една од ку*вите под нашите нозе – вика човекот кој е во преден план на снимката.

Сириската опсерваторија за човечки права, човекот од снимката го идентификувала како припадник на фракцијата Муџахедини од Фаилак ал-Мајд.

Турските службеници негирале дека се извршени воени злосторства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот