САД пред тотална тримесечна блокада – вакви мерки немало од Втората светска војна

ФОТО: ЕРА

Болниците се обидуваат да набават заштитна опрема за здравствените работници и респиратори зошто се подготвуваат за бран пациенти на кои ќе им биде потребна помош за дишење

САД воведуваат блокада на повеќе сегменти од јавниот живот заради сузбивање на ширењето на коронавирусот и таа ќе трае од 10 до 12 недели, или до почетокот на јуни.

Американците се прилагодуваат на најголемата промена во секојдневниот живот по Втората светска војна со затворени училишта, откажување на спортските настани и економски пресврт зошто губењето на работни места растат со затворањето на претпријатија во многу индустрии.

Болниците се обидуваат да набават заштитна опрема за здравствените работници и респиратори зошто се подготвуваат за бран пациенти на кои ќе им биде потребна помош за дишење. Бројот на заразени во САД се искачи на над 25.000 во неделата наутро, а најмалку 325 луѓе починаа, при што отприлика, половина од случаите се во државата Њујорк, пренесува Ројтерс.

ФОТО: ЕРА

Вирусот уби над 13.000 лица ширум светот, а над 300.000 се заразени.

Законодавците во Вашингтон се приближуваат до договор кој би можел да уфрли рекордни 1.000 милјарди долари во стопанството и така да ја ограничи економската штета од коронавирусот.
Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин за Фокс Њуз рече дека се надева дека Конгресот за тој закон че гласа во понеделник. Предложените исплати на просечно четиричлено семејство би биле 3.000 долари и засега тие би биле само еднократни, рече тој.

Речиси секој четврти Американец, или 80 милиони, добија наредба да ги затворат продавниците и да останат дома зошто Њујорк, Калифорнија, Илиноис, Орегон, Конектикат и Њу Џерси покренаа карантин.

„Ако на луѓето не им кажеме да останат дома и да престанат меѓусебно да се дружат онака како што знаат, ќе видиме се повеќе и повеќе, илјадници повеќе, десетици илјади смртни случаи повеќе отколку ако не го направиме тоа, рече гувернерот на државата Илиноис Џеј Би Прикер за Си Ен Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот