САД прашува ќе се донесе ли законот за СЈО до 15 септември

Принтскрин

На денешната средба новата амбасадорка на САД, Кејт Брнс, го прашала претседателот на Собранието, Талат Џафери дали законот за ОЈО со кој треба да се реши статусот на СЈО може да се донесе до 15 септември.

Џафери и Брнс денеска имаа прва официјална средба. Џафери како што рече на брифингот со новинарите одговорил дека законот може да се донесе и до крајот на август, но само ако е обезбедено двотретинско мнозинство.

„Ако законот денес дојде до собранието на 29-30 јули може да закажам седница и да помине во прво читање, а пред тоа помине на комисија. Но за тој закон да помине мора да имаме двотретинско мнозинство. Значи сè зависи од тоа дали е усогласен кај политичките субјекти“, рече Џафери.

Тој рече дека иако законот формално може да помине со поддршка на 80 пратеници, сепак според него е важно и ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка. Со амбасадорката разговарале и за борбата за корупција, владеење на правото, транспарентност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот