САД потврдија дека го испраќаат напредниот антиракетен систем ТХААД во Израел

Фото: Wikipedia / The U.S. Army Ralph Scott/Missile Defense Agency/U.S. Department of Defense

Соединетите Американски Држави денеска ги потврдија пишувањата на израелските медиуми дека ќе испратат во Израел напреден противракетен систем, заедно со американски војници кои ќе управуваат со него – во обид да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата по ракетните напади од Иран.

И американскиот претседател Џо Бајден рече дека го испраќа системот „да го брани Израел“.

Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, рече дека распоредувањето на батеријата за одбрана на висока надморска височина (THAAD – Terminal High Altitude Area Defense) ќе го зголеми интегрираниот израелски систем за воздушна одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот