САД понудија награда од 10 милиони долари за убиецот на поранешниот либански премиер Харири

Стејт департмент/ Фото: МИА

САД нудат награда од 10 милиони долари за информации што ќе помогне да се пронајде Салим Ајаш од Хезболах, кој беше осуден за убиство на поранешниот либански премиер Рафик Харири.

Стејт департментот соопшти дека ќе понуди награда за „информации што водат до откривање или идентификување” на Салим Ајаш ​​или „информации што ќе го спречат да учествува во акт на меѓународен тероризам против американско лице или американски имот”.

Специјален трибунал на ООН за Либан, со седиште во Холандија, во декември го осуди Ајаш ​​на доживотен затвор за убиството на Харири во 2005 година.

Се верува дека Ајаш ​​(57) се крие во Либан. Шефот на Хезболах Хасан Насралах одбива да го предаде.

Трибуналот соопшти дека ќе го суди Ајаш ​​и за уште три напади врз либански политичари.

Стејт департментот соопшти дека Ајаш ​​планирал да му наштети и на американскиот воен персонал. Се верува дека Харири, сунитски муслиман е убиен затоа што се спротивставил на сириската контрола во Либан. Дамаск е во сојуз со Хезболах, шиитско муслиманско движење, поддржано од Иран, потсетува БГНЕС.

Убиството на Харири ја предизвика Кедар Револуцијата, која ги потисна сириските трупи. САД ја сметаат Хезболахза терористичка група, но движењето има политичка моќ во Либан, каде има свои пратеници во Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот