САД подготвуваат дополнителна помош за Украина од околу 800 милиони долари

сад конгрес
Конгресот на САД / Фото: Архива

 Американската администрација на претседателот Џо Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и тоа може да биде соопштено уште денеска.

Бајден може да одобри помош, користејќи го претседателското овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви на странски држави или организации во итни случаи, тврдат добро упатени извори.

Лицата што сакаат да останат анонимни, наведуваат оти најавата за помошта може да биде и следната недела, а можно е предвидениот пакет вооружување да ја смени вредноста пред да биде објавен официјално

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот