САД подготвени да преговараат за враќање на нуклеарниот договор со Иран

Фото: Архива

Соединетите американски држави се подготвени да се придружат на преговорите на големите сили и Иран за враќање на нуклераниот договор од пред пет години. Администрацијата на новиот претседател Џозеф Бајден ја одби кампањата за максимален притисок на поранешниот претседател Доналд Трамп, која се обиде да го изолира Иран, соопшти САД.

Новата администрација не се залага за обновување на санкциите за Иран. Стејт департментот ова го најави по разговорот на државниот секретар Ентони Блинкен со неговите колеги од Британија, Франција и Германија.

Во соопштението од Стејт депратментот стои дека САД го прифаќаат повикот од ЕУ да присуствуваат на состанокот на петте членки на Советот за безбедност на Обединетите нации: Кина, Франција, Русија, Велика Британија, и САД, заедно со Германија и Иран.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот