САД побараа итна истрага за белоруското пренасочување на авионот на „Рајанер”

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) итно да го испита белоруското пренасочување на ирскиот патнички авион на компанијата „Рајанер”, побараа днеска САД и европските земји-членки на Советот за безбедност на ОН во заедничка изјава, по состанокот на ова тело.

Инцидентот е „без преседан и неприфатлив” и белоруските власти треба во целост да одговораат, се наведува во соопштението, во кое акцијата на Белорусија е „силно осудена” и се повикува на итно ослободување на патникот во авионот,  белорускиот опозициски блогер Роман Проташевич и неговата девојка, уапсени кога авионот слетал во Минск.

Естонија, Ирска и Франција го свикаа итниот консултативен состанок на Советот за безбедност за ова прашање, што се одржа онлајн и зад затворени врати.

Според дипломатите, земјите кои го свикаа итниот состанок на Советот за безбедност не се ни обидеа да постигнат договор со сите членки на ова тело за заедничка изјава, на која Русија веројатно ќе се спротивставеше. Таа од недела, кога и дојде до инцидентот, отворено ја поддржува Белорусија.

Принудувањето на авионот да слета „под лажни изговори ја загрози безбедноста на авијацијата”, се наведува во соопштението на групата држави, додавајќи дека овој потег е „флагрантен напад врз безбедноста на меѓународната цивилна авијација и против европската безбедност и сведочи за флагрантно презирање кон меѓународната закон “.

ИКАО, чие седиште е во Монтреал, за утре  веќе најави итен состанок за ова „жешко” прашање.

Изјавата ја потпишаа Естонија, Франција, Ирска, Норвешка, Велика Британија и САД, а се придружија и две поранешни членки на Советот за безбедност – Германија и Белгија.

За време на состанокот, помошникот на рускиот амбасадор, Дмитриј Полјански, изјави дека описот на инцидентот презентиран од Европејците и Американците е „лажна вест” и ја потврди поддршката на Москва за објаснувањето на Белорусија дека на екипажот на авионот „му било препорачано” да слета во Минск, поради реална закана со бомба, изјави еден дипломат за француските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот