САД побараа 24 руски дипломати да ја напуштат земјата до 3. септември

Стејт Департментот на САД
Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

САД на Русија и предадоа список со 24 дипломати кои треба да ја напуштат земјата до 3. септември поради истекот на визите, изјави рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов во интервју за списанието „Нешнел интерест“.

Транскриптот од интервјуто е поставено на Фејсбук страницата на руската амбасада, пренесува ТАСС.

Антонов истакна дека речиси сите ќе си заминат без замени, зошто Вашингтон ја заостри процедурата за издавање визи.

-Се надеваме дека здравиот разум ќе преовлада и дека ќе можеме да го нормализираме животот на руските и американските дипломати во САД и во Русија на принципот на реципроцитет, рече Антонов, пренесува Ројтерс.

Тој исто така рече дека се надева дека наскоро ќе започне дијалогот меѓу САД и Русија за прашањата за сајбер безбедноста.

– Како опција, може да расправаме за сајбер заканите врз системите за контрола на вооружувањето итн.

Москва и Вашингтон веќе подолго време се разминуваат околу низа прашања, а врските дополнително се оладија откако американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека верува дека рускиот претседател Владимир Путин е убиец.

Тензиите, меѓутоа попуштија по нивната средба на 16 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот