САД открија тунел за криумчарење дрога под мексиканската граница

Влезовите во тунелот се наоѓале на просторот на два магацина, едниот лоциран во американскиот град Сан Диего и другиот во мексиканскиот град Тихуана.

Американските полициски сили открија 600-метарски тунел за криумчарење под мексиканската граница, во близина на гратчето Сан Диего, запленувајќи дрога во вредност од околу 30 милиони долари, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на САД за имиграција и гранична полиција.

Објектот е откриен како резултат на заедничката операција на мексиканските и американските служби.

Влезовите во тунелот се наоѓале на просторот на два магацина, едниот лоциран во американскиот град Сан Диего и другиот во мексиканскиот град Тихуана. Според експерти, тунелот се користел неколку месеци и бил добро опремен. Некои делови од ѕидовите биле зајакнати, а внатре се користел систем за вентилација и осветлување, како и шини.

Во тунелот се пронајдени речиси 590 килограми кокаин, 39 килограми метамфетамин, речиси осум килограми хероин, над 1,3 тони марихуана и околу еден килограм фентанил.

– Тоа е прв случај во историјата на Сан Диего, кога во тунел се откриени пет различни видови наркотици. Вкупното количество на запленета дрога се проценува на 29,5 милиони долари, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот