САД ослободува до 180 милиони барели, цената на нафтата паѓа

Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

Цената на нафтата и денеска паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар од утринава изнесува 107 долари, што е намалување за 4 отсто во однос на вчера. На американскиот пазар вредноста на барелот е 100 долари, што е пад од 6 отсто.

Глобалните цени на нафтата почнаа да паѓаат пред три дена, откако Кина почна да ја применува мерката затворање во Шангај, град кој е голем финансиски и производствен центар, поради Ковид 19.

Новата вест е дека американскиот претседател Џо Бајден размислува да ослободи до 180 милиони барели нафта од стратешките резерви (SPR) на пазарот за неколку месеци, бидејќи Белата куќа се обидува да ги намали високите цени на горивото, пишува Ројтерс, цитирајќи три извори запознаени со планот.

Ова би било трет пат во последните шест месеци САД да ги користат своите стратешки резерви за „ладење“ на цените на пазарот на нафта и во исто време најголемата количина пласирана на пазарот во речиси 50-годишната историја на SPR.

Биткоинoт утрово 47.000 долари

Пазарот на криптовалути стабилен од утрово. Вредноста на биткоинот е 47.139 долари, што е намалување за речиси 1% во однос на вчера. Другите криптовалути се во зелено.

Пченица и пченка

Од утрово поскапуваат пченицата и пченката. Цената на пченицата е 1.027 за тон, што е зголемување за еден процент во однос на истиот период вчера. Во благ плус е и цената на пченката и изнесува 738 долари за тон, што е зголемување за околу 1 процент во однос на вчерашниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот