САД официјално влегоа во рецесија

Според Јан Хациус, главен економист во Голдман Сакс, ова е „сигурно најдлабоката рецесија од” војната, но дека „секако дека ќе биде најкратката”.

Најголемиот економски пад од Големата депресија во САД официјално стана рецесија, и земјата не е повеќе во постојан економски раст, соопшти синоќа Си ен би си, повикувајќи се на извештај од Националното биро за економски истражувања.

Се додава дека ова е најголемата рецесија уште од Големата депресија 1929-1933 година.

Бирото не гo користи општо прифатеното мерило за техничка рецесија, кое се детектира со пад на БДП во текот на две тримесечја по ред, туку се потпира на анализа на таквите индикатори како обем на производството и ниво на невработеноста.

Според аналитичарите, економијата на САД влезе во рецесија во февруари, кога е забележана намалена економска активност поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Дотогаш, американската економија растеше во текот на 11 години.

Од банката „Голдман сакс” прогнозираат дека и покрај големината на проблемот, рецесијата нема да биде долготрајна. Мнозинство од експертите укажуваат на запирање на економскиот пад до крајот на второто тримесечје.

Според Јан Хациус, главен економист во Голдман Сакс, ова е „сигурно најдлабоката рецесија од” војната, но дека „секако дека ќе биде најкратката”.

Во првото тримесечје, БДП на САД се намали за 4.8 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот