САД објавија дека ја прекинале испораката на авионите Ф-35 на Турција

EPA-EFE / ALEXANDER COOK

Порпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс, соопшти дека САД ја суспендираат испораката на авионите Ф-35 на Турција поради плановите на властите од Анкара за набавката на рускиот систем за воздушна одбрана С-400.

„Доколку Турција набави С-400 од Русија, нејзиното континуирано учество во програмата Ф-35 е изложено на ризик.“ изјави Самерс.

Два авиони Ф-35 веќе се предадени на Турција. Тие требаше да бидат пренесени во ноември, а во моментов се наоѓаат во воздухопловната база „Лук“ во Аризона.

Самерс рече дека иако Вашингтон продолжува да разговара со Турција по тоа прашање, Пентагон почнале да преговараат за неопходните чекори да пронајдат други извори за набавка на делови за Ф-35, кои ги произведуаваат Турците.

Инаку Турција во 2002 година прв пат се приклучи на заедничката програма со САД за авионите Ф-35, инвестирајќи над 1,25 милијарда долари. Исто така, произведува и неколку делови за сите Ф-35 варијанти и клиенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот