САД нудат десет милиони долари за информации поврзани со претседателските избори на кои победи Трамп

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

Стејт департментот понудил награда од десет милиони долари за информации за бизнисменот Евгениј Пригожин и Агенцијата за истражување на Интернет (ИРА), кои се осомничени за мешање во претседателските избори во САД.

САД преку програмата Награди за правда понудиле средства за да се добијат информации за ИРА и Пригожин, како и за други субјекти осомничени за мешање во претседателските избори во 2016 година на кои победи Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми.

Според американскиот Стејт департмент, Пригожин е руски државјанин кој наводно обезбедувал средства за ИРА преку компании што ги контролирал. Како што се додава, ИРА веќе започнала со операции во 2014 година за мешање во американскиот политички систем, вклучително и на претседателските избори во 2016 година со „стратешка цел да сее раздор”.

Како републикански кандидат на изборите во 2016 година, Трамп ја победи поранешната државна секретарка на САД, демократката Хилари Клинтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот