САД: Нови детали за барањето на Трамп од Украина да отвори истрага за политички ривали

Објавените докази, дел од многу поголем збир на документи кои треба да се откријат подоцна во очекуваната втора фаза од процесот за импичментот на Трамп која треба да почне идната недела во Сенатот, се од Лев Парнас.

Претставничкиот дом на САД денеска треба да донесе одлука за испраќање во Сенатот обвиненијата за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Истовремено, истражителите во Претставничкиот дом испратија нови документи до надлежните комисии.

Објавените докази, дел од многу поголем збир на документи кои треба да се откријат подоцна во очекуваната втора фаза од процесот за импичментот на Трамп која треба да почне идната недела во Сенатот, се од Лев Парнас.

Според очекувањата, Парнас, украински милијардер и близок соработник на личниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, треба да биде еден од сведоците во процесот.

Документите, кои содржат рачно напишани забелешки, електронски пораки и телефонски разговори, обезбедуваат нови детали за барањето на Трамп од Украина да отвори истрага за политички ривали, откако претседателот ја повлече воената помош за државата.

Прочитајте и...  Полицијата на ЕУЛЕКС го уапси и потпретседателот на ветеранската организација на ОВК, Насим Харадинај

Улогата на украинско-еврејскиот магнат била посредништво меѓу украинскиот претседател и луѓето на Трамп за реализација на неговите барања.

Парнас, заедно со уште еден украински бизнисмен, Игор Фруман, лани во октомври беа задржани од американските власти во аеродромот „Далас” во Вашингтон, поради наводни нелегални трансфери на пари во американски избори. Пред суд во Менхетн тие подоцна изјавија дека не се чувствуваат виновни.

Од некои од забелешките и пораките објавени синоќа од Конгресот, се дознава како неофицијални лица поврзани со Џулијани ја следеле Мари Јованович, поранешна амбасадорка на САД во Киев, за која Трамп барал да биде сменета поради нејзиното влијание во борбата против корупцијата во Украина.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, ја одбива идејата да се повикаат сведоци на сослушувањето, велејќи дека конечната одлука за тоа ќе се случи подоцна во процесот.

Прочитајте и...  Вакцината на „Астра Зенека“ доби поддршка од ЕУ заради поевтината цена

Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, денес се очекува да ги именува и новите менаџери за импичмент, меѓу кои најевројатно ќе се најдат претседавачот со Комисијата за разузнавање Адам Шиф и претседавачот со Законодавната комисија Џеролд Надлер.

Прочитај повеќе

Жителите на Сарај ги предаваат старите печки на дрва и нафта

Слободен печат

Рохани е бесен: Новите американски санкции врз Иран се дивјаштво

Слободен печат

„Нема правда, нема мир“ ечеше на протестот во Битола против полициска бруталност (ВИДЕО)

Слободен печат

Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе од 60 години

Слободен печат

Дрвокрадци од Прилеп добија кривични за напад на полициски службеници

Слободен печат

Отворени 57-те Рацинови средби

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Претседателите Пендаровски и Пахор на показна вежба на армиските специјалци во Охрид

Слободен печат

Радев нема да формира нова партија во Бугарија

Слободен печат

Нелоски обвинува за манипулации во Фондот за иновации

Слободен печат

Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам

Слободен печат

Крстовден се празнува во Манастирот во Рајчица

Слободен печат

Зеленски на местото на падот на украинскиот воен авион „Ан-26″

Слободен печат