САД: Нова метода за инјектирање вакцина против мајмунски сипаници

Фото: CQ-Roll Call / ddp USA / Profimedia

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да дозволи поинаков метод на инјектирање на вакцината против мајмунски сипаници што користи една петтина од количината на единечна доза, објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи високи претставници запознати со тоа прашање.

САД минатата недела прогласија мајмунски сипаници за вонредна состојба за јавното здравје во обид да го засилат одговорот на САД за спречување на епидемија.

За да може американската Администрација за храна и лекови (ФДА) да ја одобри интрадермалната инекција, за вбризгување една петтина од тековната доза, наместо целосната доза, здравствениот оддел ќе мора да издаде нова декларација, се вели во извештајот.

Објавувањето се очекува веќе денеска попладне, пишува весникот.

Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден именуваше двајца федерални функционери да го координираат одговорот на неговата администрација за спречуавње на ширењето на мајмунските сипаници откако Калифорнија, Илиноис и Њујорк прогласија вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот