САД немаат намера да ја прекинат соработката со сириските Курди

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. Имајќи ја во предвид комплексната ситуација на североистокот на Сирија по турската воена офанзива и американското делумно повлекување од оваа област, јасно е дека ова ќе биде главната тема на средбата меѓу Трамп и Ердоган

Во пресрет на средбата во Вашингтон, турскиот претседател Ердоган ги обвини и САД и Русија дека не ги исполнуваат дадените ветувања и преземените обврски да ги принудат курдските сили да се повлечат од пограничниот простор, обврска која беше услов Анкара да ја запре воената интервенција.

Турскиот престедател најави дека турската армија нема да се повлече од Сирија се додека тоа не го сторат останатите странски војски, и дека ќе продолжат воените операции против терористите во оваа погранична област.

Но, и САД упатија порака во пресрет на денешната средба на Ердоган и Трамп.
Висок преставник на администрацијата во Белата куќа соопшти дека Вашингтон засега не планира да ја прекине соработката со сириските Курди, што дополнително го прави неизвесен исходот од состанокот меќу Трамп и Ердоган

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот