САД: Не сметаме дека е неопходно Русија да се прогласи за терористичка држава

Москва, Русија
Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

САД не сметаат дека е неопходно Русија да ја прогласат за „терористичка држава” во овој момент, а таквата одлука би можела да биде дури и контрапродуктивна бидејќи би ризикувала да се спречи испораката на хуманитарна помош за Украина и извозот на жито од таа земја, оцени денеска во Букурешт американската амбасадорка во НАТО Џулијан Смит.

„Вашингтон верува дека тоа не е неопходно во овој момент, вели таа.

„Всушност (таквата одлука) може да биде контрапродуктивна бидејќи може да го одложи или попречи испраќањето хуманитарна помош во Украина или да извезуваме жито од Украина“, рече Џулијан Смит на онлајн брифинг со меѓународни новинари пред средбата на министрите за надворешни работи од земјите-членки на НАТО, која утре и задутре ќе се одржи во Букурешт.

„Затоа фокусот на САД, во тесна соработка со многу партнери и сојузници во светот, е да ги користат санкциите и да идентификуваат начини за дополнување на санкциите со цел да го зголемат притисокот врз (рускиот претседател Владимир) Путин и неговиот режим, но исто така да се најдат средства за вршење притисок врз економијата. Всушност, за да се спречи руската војска (…) да гради нови капацитети во сегашниот контекст (…) Значи, не гледам никакво движење, секако не во САД, кон прогласување на Русија за „терористичка држава”, објасни американската амбасадорка во НАТО одговарајќи на прашање за можноста Алијансата да разговара за таква одлука.

Инаку Литванскиот парламент уште пред 7 месеци ја прогласи Русија за терористичка држава.

Пратениците на Европскиот парламент минатата недела ја прогласија Русија за „држава спонзор на тероризмот“

Претставниците на ЕП истакнаа дека намерните напади и злосторства извршени од страна на руските сили и нивните агенти врз цивилите во Украина, уништувањето на цивилната инфраструктура и другите сериозни прекршувања на меѓународното и хуманитарното право претставуваат акти на тероризам и воени злосторства.

ЕП ја прогласи Русија за спонзор на тероризмот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот