САД не сакаат конфликт со Иран, но на напад ќе одговорат со сила

Американскиот пратеник за Иран, Брајан Хук рече дека САД не сакаат конфликт со Иран, но во секој случај сакаат да изградат меѓународна одбрана во регионот.

Хук нагласи дека војната со Иран „не е неопходна”, дека САД не бараат никакви конфликти во регионот, но дека ако бидат нападнати „ќе одговорат со воена сила”.

Тој истакна дека САД се обидуваат да добијат поддршка за меѓународни поморски сили во Персискиот Залив, првенствено за заштита на нафтени танкери. Американскиот претставник оцени дека Иран се уште е најмалку една година од изградбата на нуклеарно оружје.

Хук, кој ќе се сретне со дипломати од земјите на ЕУ потписници на нуклеарниот договор со Иран, кои сакаат да го задржат во сила, ги повика американските сојузници да воведат повеќе санкции за таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот