САД не ги усвои закнонските измени кои предвидуваат блокирање на воени акции во странство

Сенатот на САД денеска не ги усвои предложените измени на Законот за национална одбрана, со кои сенаторите ќе имаа право да ги блокираат воените операции на американската армија во странство.

„За” измените се изјаснија само 41 сенатори или 19 помалку од неопходните 60 гласа за нивно усвојување.

Со измените се предвидуваше дека претседателот на САД ќе мора да побара дозвола од Конгресот за спроведување воени операции во странство.

Со сегашното законско решение, усвоено по нападите во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година, претседателот има право да носи одлуки за преземање воени операции во странство без одобрение од Конгресот. Врз основа на ваквите одреди, САД во изминативе речиси две децении спроведоа воени операции во Авганистан, Етиопија, Ирак, Јемен Либија и Сирија.

Пред гласањето за измените, еден од предлагачите, демократскиот сенатор од Вирџинија, Тим Кајне, ги повика своите колеги да го поддржат предлогот со образложение дека тој ќе ги спречи „поттикнувањето, охрабрувањето и заблуда за вклучување во трета војна на Блискиот Исток”, оценувајќи дека евентуална војна на САД со Иран би претставувала „колосална грешка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот