САД не ги праќаат своите спортисти на Игрите во Токио доколку безбедноста не е апсолутна

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК) смета летните Олимписки Игри во Токио ќе се одржат и пред празни трибини.

Меѓутоа Олимпискиот комитет на САД има поинакви намери и нема да ги праќа своите спортисти доколку не се гарантира апсолутна безбедност за сите спортисти.

Пливачката репрезентација на САД утринава испрати писмо до Олимпискиот комитет на САД со молба да изврши притисок и да се одложат Игрите, а неколку часа подоцна уште еден од најголемите адути на жетва на медали на ЛОИ, Атлетската федерација на САД го побара истото.

По овие молби, реагираше и олимпискиот комитет на САД кој порача дека нема да го пушти своите спортисти на Игрите доколку од јапонските власти не добијат гаранции за апсолутна безбедност по здравјето на своите спортисти.

Тие веднаш добија поддршка и од норвешкиот и бразилскиот олимписки комитет, како и од германската атлетска федерација кои исто така најавија дека нема да ги праќаат своите спортисти на Игрите.

Доколку Олимпискиот комитет на САД кој е убедливо најмоќен во олимпиското семејство на спортови, остане на својот став, тогаш се поизвесно е дека ЛОИ во Токио би се одложиле за наредната или евентуално за 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот