САД нареди ситe крузери во американски води да останат на море

Останувањето на крузерите на море може да се продолжи на неодредено време додека трае епидемијата.

Крајбрежната стража на САД им нареди на сите крузери во американски води да останат на море поради епидемијата на Ковид-19.

Останувањето на крузерите на море може да се продолжи на неодредено време додека трае епидемијата. Патниците кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на копно во земјите каде што се регистрирани крузерите

Документот што ги содржи тие регулативи беше објавен на 29 март и се однесува на сите бродови во американските води кои можат да пренесат повеќе од 50 патници, јавија денеска американски медиуми.

Со наредбата се бара сите бродови во американски води да го пријават бројот на луѓе кои се болни и кои починале од новиот коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот