САД најавуваат 2,2 милијарди долари за ново оружје и муниција за Украина

Долари / Фото: Pexels/Pixabay

САД објавија денеска за нов пакет оружје и муниција за Украина во вредност од 2,2 милијарди долари.

Списокот вклучува муниција за ракетните системи ХИМАРС што им овозможија на украинските сили да таргетираат зад руските линии, системи за ПВО и оклопни возила, соопшти Пентагон.

Германската Влада издаде дозвола за извоз на борбени тенкови „Леопард 1“ во Украина, изјави денеска портпаролот Штефен Хебестрајт во Берлин, без да даде дополнителни детали.

Досега, Владата имаше одлука за одобрение единствено за испорака на модерни главни борбени тенкови Леопард 2 од воената залиха на Бундесверот.

Германија даде дозвола за извоз на тенкови „Леопард 1“ во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот