САД најавија санкции против 22 поединци и компании, оти не ги почитувале санкциите против Русија

бела куќа фото МИА

Американското Министерство за финансии денеска воведе целосни санкции против 22 поединци и компании од повеќе земји поврзани со мрежата за заобиколување санкции што го поддржува рускиот воено-индустриски комплекс, објавено е на веб-страницата на Министерството.

Во текот на изминатата година, Министерството санкционираше повеќе од 100 поединци и компании вклучени во активности за заобиколување на меѓународните санкции и извозните контроли наметнати на Русија, се потсетува во коминикето.

Меѓу опфатените со новите кривични мерки е и фирмата регистрирана во Бугарија, U-Stone Limited EOOD. Компанијата е наведена како една од шесте компании наведени како сопственост на трговецот со оружје со седиште во Кипар Александар Волфович, за кој американските власти велат дека е близок до трговецот со оружје Игор Зименков.

На списокот има санкционирани лица и фирми регистрирани и на Кипар, Израел и Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот