САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

САД ковид/ Фото EPA-EFE/Alba Vigaray

Најлошо е сè уште во државата Њујорк, каде што има 363.836 случаи на инфекција и 29.302 смртни случаи од коронавирус.

Бројот на смртни случаи во светот од коронавирус надмина 350.000 и сега изнесува 352.671, објави Worldometers. Бројот на заболени надмина 5,7 милиони.

Само во Соединетите американски држави починаа повеќе од 100.000 луѓе, поточно 100.026. САД исто така имаат повеќе од 1,7 милиони случаи на зараза со коронавирус или 1.725.808 случаи.

Најлошо е сè уште во државата Њујорк, каде што има 363.836 случаи на инфекција и 29.302 смртни случаи од коронавирус. Њу Џерси, Илиноис и Калифорнија се следните најтешко погодени од ковид-19.

Соединетите држави сè уште имаат најголем број на заразени со ковид-19 и смртни случаи. Бразил е втора најпогодена земја во светот, по што следи Велика Британија во однос на бројот на починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот