САД мораат да го решат прашањето на набавката на „С-400″ од Турција

фото Архива

САД треба да го решат прашањето околу купувањето на рускиот противракетен систем „С-400″ од страна на Турција, за да може да се напредува во другите области, соопшти Белата куќа во текот на посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Вашингтон.

-За да се постигне напредок за другите прашања, од витално значење е да го решиме прашањето за турската набавка на рускиот противоздушен систем „С-400″, што ќе го засили нашето одбранбено партнерство- наведе Белата куќа, пренесена од британските медиуми.

Ердоган престојува во Вашингтон каде претходно се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп го пофали својот однос со турскиот лидер, со кого се сретна во Белата куќа, во обид да се надминат растечките разлики меѓу двете земји, сојузници во НАТО.

Американскиот претседател претходно најави дека со својот турски колега ќе разговара за рускиот ракетен систем и потенцијалните билатерални трговски договори, што можат да достигнат вредност од 100 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот