САД: Министерството за правда се противи на објавување документ со причините за претресот кај Трамп

Фото: Профимедиа

Американското Министерство за правда се спротивстави на објавувањето на судски документ со кој на јавноста би ѝ биле презентирани причините за претресот на имотот на Доналд Трамп на Флорида.

Операцијата на федералната полиција во Мар а Лаго создаде политичка бура во САД. Тоа е првпат да се случи вакво нешто со резиденцијата на поранешен шеф на државата. Поддржувачите на Трамп рекоа дека тоа е „лов на вештерки”.

Неколку организации, вклучително и медиумите, побараа од судијата да го објави документот во кој истражителите објаснуваат зошто е неопходна претресот. Но, Министерството за правда рече дека таквото објавување ќе и наштети на тековната истрага

Во петокот, на барање на обвинителите, судијата јавно го објави налогот за претрес на имотот на Трамп и списокот на документи запленети во операцијата.

Документот на чие објавување се инсистира, содржи доверливи информации за сведоци и техники што ги користи полицијата, како и исклучително важни факти за истрагата, посочуваат од Министерството за правда. Нејзиното објавување може да им наштети на следните фази од истрагата со откривање на стратегијата на истражителите.

Во меѓувреме, долгогодишниот директор за финансии на Организацијата Трамп, Алан Вајзелберг, се очекува денеска да се изјасни за виновен по обвиненијата за даночна измама, а неговото судење се очекува да започне во октомври, јавија американски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот