САД ќе инвестираат милијарди за да го зголемат производството на вакцини

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Соединетите Американски Држави планираат да инвестираат милијарди долари во проширување на капацитетот за производство на вакцината против ковид-19 за да имаат најмалку милијарда дози до втората половина на следната година, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на Белата куќа.

Најавата доаѓа во момент кога администрацијата на Џо Бајден се соочува со притисок од активисти да ја зголеми понудата на вакцини за посиромашните земји.

– Инвестицијата во производството на вакцини е дел од приватно-јавното партнерство за да се задоволат потребите од вакцини и локално и ширум светот, а исто така е подготовка за идни пандемии, изјавија за „Њујорк Тајмс” д-р Дејвид Кеслер, кој ја надгледува дистрибуцијата на вакцините и Џеф Зиентс, кој ги координира активностите на Белата куќа во врска со коронавирусот.

Се проценува дека овој план ќе чини неколку милијарди долари и ќе биде платен со средства од американскиот План за спасување, кој Бајден го потпиша во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот