САД ќе донираат милиони вакцини низ целиот свет

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

САД планираат да купат милиони дополнителни дози на вакцини од „Фајзер” против ковид -19, што ќе ги донираат низ целиот свет, објави денеска „Вашингтон пост”, повикувајќи се на извори.

Потегот на САД треба да биде објавен на почетокот на следната недела, што се совпаѓа со состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, велат изворите за весникот.

Си-Ен-Ен објави во јуни, повикувајќи се на добро информиран извор, дека американската администрација планира да донира 500 милиони дози на вакцини од Фајзер против коронавирус во речиси сто земји во следните две години. Оваа година, САД треба да купат 200 милиони дози, а во првата половина на следната година, 300 милиони дози што ќе бидат донирани за сиромашни земји и Африканската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот