САД ќе ја затворат амбасадата во Багдад доколку продолжат ракетните напади

САД денеска го предупредија Ирак дека ќе ја затворат својата амбасада во Багдад, доколку владата не преземе брзи и решителни чекори да ги прекине ракетните и други напади од проирански милитанти и други вооружени групи врз нивното и сојузничкото присуство во земјата, соопштија ирачки и други официјални претставници.

Американски службеник, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека биле предупредени и ирачкиот претседател и премиерот, но дека не станува збор за неизбежен ултиматум, пренесоа американските медиуми.

Предупредувањето од администрацијата на американскиот претседател укажува на зголемената фрустрација и бес поради континуираните ракетни напади од проирански групи врз американската Амбасада во Багдад или нејзината околина, додека САД го зголемуваат притисокот врз Иран со повторно воведување санкции.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Драма во Грузија: Неидентификувано лице нападна банка, зеде 20 лица за заложници и бара пола милион долари

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, оваа закана за евакуација на амбасадата прво му ја упатил на претседателот на Ирак во телефонски разговор во вторникот, а потоа во саботата и на ирачкиот премиер.

САД се уште немаат издадено официјално предупредување за затворање на амбасадата во Багдад.

Ирачки милитантни групи денеска изведоа нов напад во Багдад, последниот во низата ракетни и минофрлачки напади врз американсото присуство во Ирак, вклучувајќи ја и американската Амбасада во Зелената зона.

Во Багдад загинаа најмалку пет луѓе откако ракета погоди приватна куќа

Поврзани вести

ВИДЕО: Од што заболуваат американските дипломати во Русија и Куба? Сè започнува со губење на слухот

Маријана Митровска

Уште еден велешанец ја загуби битката со коронавирусот

Слободен печат

Детали: Волонтерот кој умре на тестирањето на Оксфорд вакцината, примил друга вакцина

Слободен печат

Алиев: Азербејџан презеде контрола над 22 места во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Рамадани: Изјавата на Каракачанов е сериозна, но и апсурдна

Слободен печат

Нагорно Карабах останува воена зона: Турција е подготвена да испрати војска во Азербејџан

Слободен печат

Остави Коментар