САД ќе ја укинат поддршката за офанзивните операции во Јемен

Американска војска / Фото Архива на Слободен печат

Џејк Саливен, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, денеска најави промена на политиката на САД кон Јемен односно укинување на поддршката за офанзивните операции.

Но, Саливен посочи дека тоа не се однесува на операциите против Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.

За време на претседателските мандати на Барак Обама и Доналд Трамп, САД ја поддржуваа коалицијата предводена од Саудиска Арабија против бунтовниците во Јемен

Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се над 110.000 луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот