САД ќе испратат 55 милиони дози вакцини против Ковид-19 во Јужна Америка, Азија и Африка

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Белата куќа денеска го претстави планот за дистрибуција на 55 милиони дози вакцини против Ковид-19 во земјите ширум светот, како дел од програмата КОВАКС, а предвидено е околу 75 проценти да добијат државите од Јужна Америка и Карибите, како како и Азија и Африка.

Со планот за дистрибуција на 55 милиони дози вакцини против ковид-19, американскиот претседател Џо Бајден ја исполнува обврската САД да дистрибуираат 80 милиони дози вакцини во земјите низ целиот свет. На почетокот на овој месец, Бајден ги најави приоритетите за распределба на првите 25 милиони дози.

– Од преостанатите 55 милиони дози, 41 милиони дози ќе бидат распределени преку програмата КОВАКС, од кои околу 14 милиони дози ќе бидат испратени во Јужна Америка и Карибите, додека околу 16 милиони ќе бидат дистрибуирани во Азија и околу 10 милиони во Африка. Останатите 25 проценти, или околу 14 милиони дози, ќе бидат поделени според „регионалните приоритети”, кои ќе ги вклучат Колумбија, Аргентина, Ирак, Украина, Западен Брег и Појасот Газа, соопшѓти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека приоритет при вакцинирањето треба да се лицата „кои се се изложени на најголем ризик, како што се здравствените работници”.

Откако во САД се поголем број луѓе се вакцинирани против Ковид-19, администрацијата на Бајден се повеќе е насочена кон дистрибуција на вакцини во други земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот