САД ќе и продаде на Швајцарија 80 авиони во вредност од 14 милијарди евра

Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

САД планираат да и продадат на Швајцарија 40 авиони-ловци Ф/А-18ЕФ „Супер Хорнет” и 40 авиони бомбардери Ф-35 од петта генерација, во вредност од околу 14 милијарди долари, соопшти американската Агенција за одбрана и соработка.

– Стејт департментот одобри да и се продадат на швајцарската Влада 40 авиони Ф/А-18ЕФ „Супер Хорнетс”, како и опрема за истите во вредност од околу 7,5 милијарди долари. Агенцијата ќе го испрати потребниот сертификат за продажби до Конгресот на САД, се наведува во соопштението.

Освен тоа, Стејт департментот одобри и испорака на 40 авиони бомбардери Ф-35 и опрема за нив, во вредност од речиси 6,6 милијарди долари.

Според документите, САД планираат да и продадат на Швајцарија и пет противвоздушни ракетни системи „Патриот” во верзија 3+, во вредност од 2,2 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот