САД ќе го укинат засилениот медицински преглед на аеродромите

Аердром во САД Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

САД планираат следната недела да го укинат засилениот медицински преглед на патници од одредени земји на 15 аеродроми.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопштија дека Владата, почнувајќи од понеделник, ќе ги отстрани мерките воведени во февруари за да се спречи ширењето на Ковид-19,

ЦДЦ наведува дека сегашниот преглед, кој вклучува проверка на температурата и гаранција од патниците дека се здрави, има „ограничена ефикасност”, бидејќи некои заразени немаат никакви симптоми.

Здравствената агенција соопшти дека наместо тоа ќе се фокусира на други мерки, вклучително и електронско собирање контакти со патници за да се избегнат долги редици и „потенцијално тестирање за да се намали ризикот од пренесување на вирусот поврзан со патувањата”.

Дополнителниот медицински преглед се однесува на луѓе кои биле во Кина, Иран, повеќето европски земји и Бразил. На повеќето луѓе кои доаѓаат од земји што не се од САД им е забранет влез во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот