17.8 C
Скопје

САД категоричнo негираат каков било обид за атентат на Лукашенко или за државен удар во Белорусија

САД немаат никаква врска со никаков заговор за соборување на белорускиот претседател Александар Лукашенко, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот.

– Видовме извештаи во руските државни медиуми за наводен заговор против Александар Лукашенко, како и неговите наводи за ова прашање во медиумите…Секоја сугестија дека американската влада стои зад ова или е вклучена во обид за атентат врз Лукашенко е апсолутна лага, изјави тој за ТАСС.

Во врска со притворот на адвокатот со двојно  белоруско/американско државјанство Јуриј Зенкович, осомничен за соучесништво во наводниот планиран обид за атентат врз Лукашенко, портпаролот на американскиот Стејт департмент појасни дека Вашингтон е подготвен да им обезбеди конзуларна помош на своите граѓани.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко синоќа изјави дека спречил обид за државен удар и обид за атентат врз него и неговото семејство, кои ги планирале САД.

Белоруската безбедносна служба (КГБ) синоќа соопшти дека во „специјална операција” растурила „организирана терористичка група која планирала физичка елиминација на претседателот и неговото семејство” и „организирање вооружен бунт за насилно преземање на власта”.

Според Лукашенко, Руската служба за безбедност (ФСБ) уапсила двајца белоруски државјани во Москва, и тоа политикологот Александар Федута и адвокатот Јуриј Зенкович-кој има и американско државјанство.

„Ја приведовме групата, тие ни покажаа како сè испланирале, јас занемев. Тогаш откривме дека тоа е работа на разузнавачки служби, кои јасно се странски, најверојатно ЦИА и ФБИ, рече Лукашенко во видеото објавено од претседателството. 

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар