САД како посредници, Трамп како сведок: Историски мировен договор меѓу Израел, Бахреин и ОАЕ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потпиша историски договор за воспоставување дипломатски односи на еврејската држава со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Израелскиот лидер потпиша билатерални договори во Белата куќа со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед ал Нахјан и министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф ал Зајани, а тројцата лидери потпишаа и заедничка декларација со Трамп.

Документите се наречени „Абрахамови договори”, а Трамп ги потпиша во својство на сведок.

Трамп ја поздрави „новата зора” за Блискиот исток во услови на подготовки на Израел, ОАЕ и Бахреин да потпишат значаен договор со посредство на САД за нормализирање на односите.

– По неколку децении поделби и конфликти, ние ја славиме зората на новиот Блиски исток. Попладнево сме тука да го смениме текот на историјата, рече Трамп пред стотиците луѓе на церемонијата на потпишување на Белата куќа.

Прочитајте и...  Два дена по ред во Косово нема смртен случај од ковид-19

Нетанјаху, кој беше поканет да ги потпише договорите со министрите за надворешни работи на Бахреин и на ОАЕ, му се придружи на Трамп, нарекувајќи го документот „историска пресвртница”.

– Овој ден е пресвртна точка во историјата. Тој најавува нова зора на мирот, рече Нетанјаху на церемонијата.

Израелскиот премиер, исто така, рече дека новата шанса за мир, спонзорирана од САД, има потенцијал засекогаш да стави крај на арапско-израелскиот конфликт.

Во говорот, министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахајан, лично му се заблагодари на Нетанјаху за „изборот на мир и запирање на анексијата на палестинските територии”.

Ова е првпат арапските држави да воспостават односи со Израел од Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година.

Прочитајте и...  Нагорно Карабах: Сите повикуваат на мир, но војната ескалира

За време на потпишувањето, беа истрелани две ракети од Појасот Газа, контролиран од Хамас, кон Израел.

Прочитај повеќе

Лавров со повик со Азербејџанците и Ерменците: Престанете со борбите и седнете на маса да преговарате

Слободен печат

Несекојдневен момент во Париз: Продавала стан во наследство, нашла пола милион евра во визбата

Слободен печат

Учебната година почнува со маки, средношколците со бојкот – Платформата ќе задоцни на првиот школски час

Слободен печат

ЕУ: Договорот за основање на Заедница на општини со српско мнозинство да се спроведе врз основа на мислењето на Уставниот суд

Слободен печат

Косово му забрани влез на српскиот министер за образование

Слободен печат

Специјално Обвинителство на Косово: Жена обвинета за тероризам

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Правниот тим на Движењето за одбрана на Косово и Метохија: „Вашингтонскиот договор не е ништо друго освен тајно незаконско одрекување од дел од државната територија“

Илинка Иљоска

ЕК почна со мониторинг на владеење на правото во земјите-членки на ЕУ

Слободен печат

Руденко: Русија, САД и Франција работат на деескалација на ситуацијата во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Утре почнува учебната година: Царовска го објави ТВ распоредот на часови од прво до деветто одделение

Слободен печат

Димитров – Јан Хекер во Берлин: Реафирмација на германските напори за заокружување на Преговарачката рамка

Слободен печат

Меркел за тензиите меѓу Турција и Грција во Егејот: Мала е разликата меѓу конфликт и мирно решение

Слободен печат