САД ја предупредија Србија за ризикот од купување оружје од Кина

САД денеска го предупредија Белград дека треба да биде свесен за ризикот кој го носи купувањето оружје од кинески компании и оценија дека изборот на снабдуваќ треба да ја одразува декларираната цел на Србија да се интрегрира со Европската унија, објави агенцијата Бета.рс.

По повод одлуката на Србија од Кина да купи ракетен систем за противвоздушна одбрана ФК-3, нова генерација ракети од среден дострел земја – воздух, наведувани од радар од новата генерација, Амбасадата на САД во Белград наведе за Радио Слободна Европа дека набавката на воена и одбранбена техника е суверена одлука на секоја земја, но дека владите би требало да бидат свесни за краткорочните и долгорочните ризици и цената која ја повлекува работењето со кинеските компании.

Секоја земја би „требало да има доверба да набави опрема која нема да ја загрози нејзината национална безбедност ниту економскиот суверенитет“, наведоа од Амбасадата на САД и додадоа дека таа доверба не може да постои „ако продавачите на воена и одбранбена опрема се зависни од авторитарни власти каква што е во Кина“.

Од Амбасадата наведуваат и Србија „ја советуваат да работи на целосно ускладување со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ“.

„Изборот на снабдувач би требало да ја одразува декларираната цел на Србија: што повеќе да се интегрира со Европа. Има и други продавачи кои не зависат од авторитативни режими, а нудат опрема не само спосбна да ги задоволи одбранбените потреби на Србија, туку и според квалитетот и цената“, стои во пишаната изјава на Амбасадата на САД за РСЕ.

Прочитајте и...  Промоција на индексот на бирократија

Купувањето на ракетниот одбранбен систем ФК-3 е вклучено во годишниот извештај на државната компанија Југоимпорт СДПР, кој минатата недела е приложен до Агенцијата за стопански регистри на Србија.

Југоимпорт СДПР наведува во тие докумнети дека се реализирани 163 договори за увоз од 31 земја во вредност од  620,3 милиони долари во 2019 година и дека тука спаѓа и набавка на дронови од Кина и првото познато купување на системот ФК-3 во Европа.

„Најголем дел од увозот се однесува на модернизација на МИГ-29, набавка на систем на дронови и системи на противвоздушна одбрана ФК-3“; се наведува во извештајот за кој на 2. август прв извести порталот Балканска безбедносна мрежа.

Официјалните власти во Србија до денеска не одговорија на прашањето на РСЕ за набавката на оружје од Кина, ниту по која цена е договорено. РСЕ додава дека не добил одговор ниту од Министерството за одбрана на Србија, ниту од државното претпријатие Југоимпорт СДПР.

Прочитајте и...  И Меркел повика на итен прекин на оружениот судир во Нагорно Карабах

Извор: Агенција Бета.рс

Руските медиуми изненадени: Србија купува кинески ракетен систем наместо С-300

Прочитај повеќе

Замениче, ви се брза на кафе во Приштина?

Следете ја во живо доцна ноќва првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден

Слободен печат

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Маријана Митровска

Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

Слободен печат

Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Слободен печат

Мицкоски слави роденден, соработниците го изненадија со торта (ФОТО)

Маријана Митровска

Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Слободен печат

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска