САД ја предупреди Србија на изборите да нема кандидати кои се воени злосторници

Во Србија денеска се одржува референдум за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството, Фото: Профимедиа

Парламентарната комисија за надворешни работи на САД јавно ја предупреди Србија дека на изборите не треба да има кандидати кои се воени злосторници, објави „Гласот на Америка”.

Ова на Твитер го објави американскиот комитет за надворешни работи, повикувајќи се на пишувањето на Балкан инсајт. Во текстот кој го објави Балканската истражувачка мрежа БИРН се наведува дека „двајца осудени воени злосторници се надеваат дека ќе бидат избрани за пратеници на изборите следниот месец во Србија, додека уште неколкумина, кои се бараат од судот на ООН или за кои постојат обвинувања за воени злосторства, се подготвуваат за трката за влез во Собранието, соопшти „Глас на Америка”.

Еден од нив е Драган Васиљковиќ, познат на Балканот како капетан Драган, воен злосторник кој се врати во Србија на 28 март годинава, откако беше ослободен од затворот во Хрватска каде издржуваше казна за злосторства кои во оваа земја ги има извршено во 1991 година, се наведува во текстот.

Друг воен злосторник кој ја има најавено својата кандидатура е ултранационалистички лидер на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кој беше осуден од Механизмот за меѓународни кривични судови за воени злосторства над Хрватите во 1992 година.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Драган Васиљковиќ кој најави кандидатура за пратеничко место во српското собрание, изјави дека ќе побара Милорад Улемек-Легија и Звездан Јовановиќ да бидат ослободени бидејќи и покрај правосиланта пресуда, „не знае дали Легија и Звездан се виновни за убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот