САД ја повикаа ЕУ да не употребува кинески системи за проверка на багаж

Се истакнува дека системите за проверка на товар и багаж се тесно интегрирани со бази на податоци кои содржат информации за патниците, како пасошки податоци, отпечатоци на прсти и др.

 САД ги повикаа европските земји да прекинат соработка со крупниот кинески произведувач на опрема за проверка на товар и багаж, „Нуктеч”, бидејќи растечкото присуство на компанијата во Европа наводно ја ставало под закана безедноста на стариот континент.

Како што денеска јави Волстрит журнал, Советот за национална безбедност на САД и други државни агенции им порачале на европските партнери да се откажат од системите за скенирање дизајнирани од компании контролирани од кинеската Влада.

Овие системи се употребуваат во аеродромите, пристаништата и на граничните премини во европските земји за проверка на багаж, товар и патници.

Се истакнува дека системите за проверка на товар и багаж се тесно интегрирани со бази на податоци кои содржат информации за патниците, како пасошки податоци, отпечатоци на прсти и др. Американски официјални лица сметаат дека овие системи можат да дозволат влез на кинеските компании до персонални и комерцијални податоци.

САД страхуваат дека „Нуктеч” може да предава информации на властите на Кина. За тоа се гоори и во документи на американскиот Стејт департмент. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот